Гарсија го стави на вага: Балотели потсетува на Тоти…


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Некогашниот тренер на Рома, Руди Гарсија во разговор за италијанските медиуми, посочи дека Марио Балотели помалку потсетува на Франческо Тоти.

Италијанскиот напаѓач во Марсеј пристигна пред неколку недели од Ница, а тренерот на овој клуб е многу задоволен што Супер Марио се вклопи во тимот.

Сепак, на многумина им го привлече вниманието кога Гарсија истакна дека Балотели го потсетува на легендарниот Тоти.

„Го гледам малку и Тоти кога гледам како Балотели ја чита играта. Тој може да ни донесе нешто поинакво. Игра многу добро и брзо се вклопи во тимот. Исто така, има добра визија на теренот. Знаевме и пред да пристигна дека може да биде добар соиграч. Има голем квалитет и со нас е среќен“, истакна Гарсија.

Инаку, Балотели засега одигра три натпревари во дресот на новиот клуб и постигна два погодоци.