Да не ви се верува: ПСЖ си купува нов Килијан Мбапе!? (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Француски „Ле Паризиен“ пишува дека ПСЖ во наредниот период сака да комплетира интересен трансфер. Парижаните сакаат да купат фудбалер, кој се вика Килијан Мбапе.

Тој е член на младинската школа во која порано беше Пол Погба и очигледно е голем талент, па би можел да заигра еден ден заедно со „вистинскиот“ Мбапе.

„Често ме прашуваат дали му го дадов името на син му по славниот фудбалер, но сите забораваат дека разликата меѓу нив е само осум години. Ретко кој го познаваше тогаш Килијан Мбапе“, вели таткото на 12-годишното момче.

Таткото се надева дека син му еден ден ќе заигра во ПСЖ, но свесен е за предизвикот и изборот му го остава на неговото дете.