Не заборава од каде потекнува: Чеди Осман со македонско знаме на патиките ќе настапи на Ол Стар натпреварот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман беше селектиран за Ол Стар натпреварот кој ќе се одржи во Шарлот.

Охриѓанецот Осман кој се реши да настапува за репрезентацијата на Турција не заборава од каде потекнува, па на патиките кои ќе ги носи на најголемиот спортски настан во САД и еден од најголемите спортски збиднувања во светот ќе го има македонското знаме, заедно со турското.

Чеди Осман секое лето доаѓа во родниот Охрид, а на ОЛ Стар натпреварот ќе настапи во тимот на Светот на вечерта на младите таленти.