Што значи ова: Икарди имал состанок со Марота и тоа само – 15 минути!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Интер, Мауро Икарди поминува тежок период во својата кариера, откако најпрво ја загуби капитенската лента во италијанскиот клуб, а потоа одби да патува со својот тим на гостувањето во Виена во нокаут-фазата во Лига Европа против Рапид (1-0).

„Газета дело Спорт“ објави дека Аргентинецот имал состанок со управата во тренинг-центарот на „нераѕурите“ за да се реши целиот хаос кој се создаде во клубот.

Интересно е тоа што состанокот меѓу Икарди и челниците на Интер  траел само 15 минути, а првите прогнози се дека ништо добро не се случило.

Засега не се откриваат повеќе детали од состанокот, а најверојатно италијанските медиуми ќе ги објават во наредните часови.

Икарди не треба премногу да се грижи дури и да го загуби местото во италијанскиот клуб, зашто за него се борат најдобрите светски клубови, меѓу кои Реал Мадрид е лидер за неговиот потег.