Дончиќ по повредата на Дејвис: Не можам да спијам навечер…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ кажа дека сакал да си помине добро на мечот на „Ѕвездите во подем“, кој беше одигран во рамки на Олстар-викендот во Шарлот, а славеше селекцијата на САД против тимот на Светот со 161-144.

Младиот Словенец постигна 13 поени, девет асистенции и пет скокови за 24 минути поминати на паркетот.

„Не се трудев да шутирам. Сакав да асистирам, да се забавувам. Во овој натпревар не беше важно кој победува. Вакви работи се прават поради навивачите. Сите сакавме добро да си поминеме“, кажа Дончиќ.

Тимот на Светот од клупата го предводеше Дирк Новицки, соиграчот на Дончиќ во Далас маверикс.

За Словенецот постои шанса да заигра на Олстар-мечот, откако Ентони Дејвис го повреди рамото, па постои голема можност да не може да настапи на спектаклот.

„Не можев да спијам поради тоа“, призна Дончиќ.

Во недела наутро се одржуваат натпреварувањата во вештини, забивање и шутирање тројки, а во понеделник ќе се одигра Олстар мечот.