Рамос повторно во центар на контроверзи: Не беше намерно, немав многу избор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид никако да се спаси од „надлежните служби“ и медиуми. Шпанецот повторно е во центар на внимание, а УЕФА почна истрага поради неговиот потег против Ајакс во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Реал Мадрид славеше со 2-1 во Ајакс во првиот меч, а Рамос стартуваше врз Каспер Долберг и така заработи жолт картон. Тоа беше негов трет во елитното натпреварување, па ќе мора да пауизра еден меч.

„Би лажел доколку кажам дека не сакав да добијам картон. Тоа е нешто за што размислував, иако не сакам да го потценам Ајакс или да помислам дека е готово кога станува збор за осминафиналето. Но, решив дека е добро да одморам, иако ќе бидам на стадионот и ќе навивам за својата екипа“, кажа Рамос.

Според правилата на УЕФА фудбалерите ќе добијат суспензија од два натпревари или одреден временски период доколку тој очигледно добие жолт или црвен картон.