Нови проблеми против Баерн: Вчера фантастичен против Аугзбург, денес неизвесен за важниот меч против Ливерпул?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн вчера во тежок меч успеаа да слават против Аугзбург.

Враќањето на Мануел Нојер на голот на Баварците одбележа не толку сјајна негова партија, но се успеа да дополни Кингсли Коман.

Фантастичниот Французин постигна два погодоци и асистираше за третиот, па навивачите беа задоволни од неговото издание.

Меѓутоа, веднаш по мечот се појавија лоши вести, Коман го повреди зглобот, а Нико Ковач потврди дека прогнозите можат да бидат многу лоши.

„Ова не изгледа добро, но повеќе ќе знаеме до крајот на неделата.Голема штета бидејќи со него можеме да го наметнеме својот ритам“, истакна Хрватот.

Повредата на крилниот напаѓач доаѓа во непријатен момент бидејќи Баерн следниот вторник ќе гостува кај Ливерпул во рамки на осминафиналето во Лигата на шампионите.