Фантастичниот Џо Харис го победи Стеф Кари во – шутирање тројки! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џо Харис од Бруклин нетс е победник во натпреваруварувањето во шутирање тројки на НБА Олстар-викендот.

Тој во финалето беше подобар од Стеф Кари и Бади Хилд со по 26 поени и потврди дека е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата.

Првата рунда беше отворена со шутевите на Џо Харис, кој имаше 25 поени, па долго време беше лидер. Сепак, Хилд и Кари успеаа да го преминат, но сите тројца беа во финале.

Харис погоди 26 поени во финалната рунда, Хилд беше многу послаб, а Кари погоди 24 поени и остана втор.

Финалната рунда:

Џо Харис (Бруклин нетс) – 26
Стеф Кари (Голден Стејт вориорс) – 24
Бади Хилд (Сакраменто кингс) – 19