Џејсон Татум погоди тројка и го освои натпреварувањето во вештини! (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џејсон Татум е победник на натпреварувањето во вештини во НБА Олстар-викендот во Шарлот.

Во натпреварувањето учествуваа многу кошаркари, а на крајот славеше играчот на Бостон селтикс, Татум.

Иако не беше меѓу фаворитите, Татум успеа да ги елиминира Мајк Кунли и Никола Јокиќ, а потоа во финалето и Трае Јанг.

Јанг имаше предност во брзина, па сите помислија дека ќе слави, но токму тогаш Татум погоди тројка од повеќе од половина терен и стигна до победа.

Лука Дончиќ испадна во полуфиналето против Јанг, а Татум го елиминираше Јокиќ. Интересно е тоа што Татум стана прв кошаркар на Бостон, кој го освоил ова натпреварување.