Неверојатен спектакл: Олстар-мечот го доби тимот на Леброн, Дурант беше МВП! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Леброн Џејмс успеа да се врати по негатива од 20 поени и тоа со серија тројки, па славеше со 178-164 во спектакуларниот Олстар-меч во „Спектрум Центарот“ во Шарлот против тимот на Јанис.

Тимот на Леброн покрај себе имаше кошаркари како Кевин Дурант, Кави Ленар, Лилард, Томпсон, па беше фаворит, но дури во третата четвртина стигна до предност.

Дотогаш тимот предводен од грчкиот ѕвер од Милвоки го диктираше темпото и имаше предност и од 20 поени, но екипата на Леброн во третата четвртина успеаа да ја преземат контролата.

Гркот во првото полувреме, а на почетокот на второто најдобар беше Пол Џорџ со неколку одлични потези.

Во третата четвртина пресудна беше серијата на екипата, која дотогаш губеше со 2-19, па Лилар со две тројки го почна пресвртот, па на крајот славеше тимот на Леброн со 178-164.

За најкорисен кошаркар на мечот беше прогласена ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Кевин Дурант.