Барселона го освои шпанскиот куп, Реал се закани: Признајте ја грешката или заминуваме!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона го доби вчерашниот спектакл против Реал во Мадрид во финалето на шпанскиот Куп со 94-93 по продолженија и контроверзна одлука на судијата.

Во последните моменти од мечот беше признаен кош на Анте Томиќ кога Ентони Рендолф успеа да ја запре топката во лет кон обрачот, а тоа предизвика незадоволство кај „кралевите“.

Тој кош делуваше како компензација за претходната ситуација на штета на Каталонците, но од Мадрид не се задоволни и се заканија.

„Ова е кражба. Ова е втора година во која се прават грешки на штета на Реал. Кога ќе видите дека тројцата судии на повторената снимка не можат да потврдат чиста блокада, тука има нешто погрешно“, вели спортскиот директор на Реал, Хаун Карлос Санчез.