Шкендија го совлада Вардар, Фелипе и Гачевски порачаа: Срамота! (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шкендија вчера го доби големото дерби во македонската Прва лига со 1-0, а мечот во Тетово не заврши без контроверзи.

Во 38. минута Најдовски успеа да постигне гол од пречка, но топката потоа излезе од гол-линијата, па на нив не им беше досуден чист гол.

Токму тоа ги налути фудбалерите на Вардар, а некои од нив имаа бесни реакции на социјалните мрежи, па така го покажаа својот револт.

Филип Гачевски запраша зошто воопшто треба да се игра против Шкендија.

„Дали треба да играме воопшто против Шкендија? Вторпат ни се случува истото! ФФМ дали гледате што се случува. Цела Македонија гледа и се смее! Срамота“, напиша Гачевски.

Исто така, критики испрати и Хун Фелипе, кој неодамна се врати во екипата на Вардар.

„Срамота. Мафија“, напиша Фелипе.