Новите болиди ги завршија првите тестови: Ферари убедливо најбрзи! (Видео)

Откако многу тимови во Формула 1 ги претставија новите болиди за сезоната која следува, дојде време и за првите тестирања.

На првите тестови во Барселона, Себастијан Фетел беше најбрз со новото Ферари СФ90 со време 1:18.425.

Четирикратниот шампион во Ф1 имаше голема предност пред второпласираниот Серхио Перез од Рејсинг Поинт, кој имаше време 1:19.944.

Трет беше поранешниот колега на на Фетел, Ким Раиконен кој во својата Алфа Ромео Ц38 имаше мало излетување, но се врати на патеката и оствари време 1:20.160.

Четврти беше Макс Ферстапен од Ред Бул со време 1:20.174, а петти беше Валтери Ботас од Мерцедес со време 1:20.285.

Advertisements