Рома во второто полувреме го скрши отпорот на Болоња


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последниот натпревар од 24. коло од Серија А, екипата на Рома со 2:1 славеше против Болоња.

Првото полувреме добар фудбал, но немаше погодоци, па на полувреме се замина со 0:0.

Во продолжението видовме три голови. Рома стигна до водство со голот на Коларов во 54. минута, а на 2:0 зголеми Федерико Фацио.

Неизвесноста во финишот ја врати  Сансоне со гол во 84. минута од натпреварот.  На крајот тоа се покажа како конечен резултат на средбата.