Фергусон после мечот Челси – Јунајтед се симна на теренот и им пријде на тројца фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија синоќа Челси на гости со 2-0 во средбата од 1/8 финалето од ФА купот, а еден од оние кои ги бодреа на трибините беше и легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Популарниот Ферги синоќа беше со својот Јунајтед, а после мечот се симна на теренот и им пријде на тројца фудбалери на тимот од Манчестер.

Тој им пријде на Алексис Санчез, МекТоминеј и Далот и размени со нив неколку збора. За сега не е познато што легендарниот Шкот им порачал, а занимливо е тоа што и тројцата натпреварот го започнаа од клупата, МекТоминеј и Санчез добија шанса во второто полувреме, додека Далот не влезе во игра.

Манчестер на овој начин одлично одговори на критиките после поразот во осмина финалето во ЛШ од ПСЖ.