Михајловиќ: „Ова е апсурдно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синиша Михајловиќ е задоволен од изданието на својот тим. Болоња вчера беше поразена од Рома со 2-1, незаслужено.

Михајловиќ истакна дека неговиот тим играл добро и дека не може ништо да им замери.

„Ако не ги искористите шансите против Рома, тогаш тие ќе те казнат во првата прилика. Имавме седум-осум добри шанси, апсурдно е да изгубиш натпревар во кој и нерешеното би било тесно. Не можам да ги обвинам своите играчи, можам само да им се заблагодарам за одличниот натпревар кои го имаа“, истакна тој.

Покрај тоа, додаде дека повеќе загрижен тоа што тимот кој играше полошо ги собра бодовите.

„Мораме да работиме на нашата завршина, но уште поважно е да играме со авторитет. Мислам дека сме на правиот пат“, заклучи тој