Манчестер Јунајтед оваа сезона направи нешто што и Фергусон може да го сонува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пронајдија нешто навистина интересно.

Алекс Фергусон е веројатно меѓу тројцата најдобри тренери на сите времиња, ретко кој ќе успее да го достигне тоа што тој го има постигнато, доказ за тоа се и честите промени на тренерите во Манчестер Јунајтед.

Мојс, Ван Гал, Мурињо, па сега Солскер, а дали Норвежанецот ќе остане после оваа сезона сеуште не се знае.

Она со што Манчестер Јунајтед може да се пофали во оваа сезона е нешто што ни Сер Алекс Фергусон го нема направено.

Јунајтед во оваа сезона успеа да ги совлада Арсенал, Челси и Тотенхем, што се нема случено од сезоната 1984/85.

Можеби ова наговестува подобри денови?