Верувале или не: Коларов е рекордер?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Левиот бек на Рома, Александар Коларов стана најдобар во најсилните лиги во Европа.

Постигна досега осум погодоци во сезоната, што е најдобар исход меѓу сите дефанзивци во најсилните лиги во Европа.

Дури седум постигна во Серија А оваа сезона, а интересно е што единствено Един Џеко е подобар стрелец од него во Рома во овој момент, додека Ел Шарави исто така постигна 8 погодоци.

Навивачите на Рома имаа протести против Александар Коларов и тоа неодамна, но српскиот фудбалер во мечот против Болоња докажа дека е во добра форма.