Осака објасни зошто му кажа „збогум“ на својот тренер…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата тенисерка во светот, Наоми Осака соопшти пред неколку дена неочекувана одлука – ја раскина соработката со тренерот Сашо Бајино.

За потсетување, Осака под негово водство освои два Гренд Слем турнири во низа и се искачи на самиот врв на ВТА листата, но сепак одлучи да ја прекине соработката.

Јапонката по се ја објасни својата одлука.

„Нема да го ставам успехот пред својата среќа. Нема тоа да го жртвувам. Мислам дека луѓето поради начинот на кој комунициравме во Австралија можевме да видиме дека нешто не е во ред. Нема да кажам ништо против него, бидејќи сум благодарна за се што направи“, истакна Осака.

Исто така, објасни каков тренер сака во иднина.

„Најважно е да се најде некој со позитивен став. Не сакам некој кој ќе го вори негативно. Тоа би било најлошо. Сакам некој кој е директен, кој не се се плаши да ми ги каже работите во лице. Би сакал да ми каже што мисли во лице, отколку зад грб“, вели таа.