Конечно: Ова се одлични вести за навивачите на Тотенхем…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Тотенхем конечно дочекаа и малку поубави вести.

„Петлите“ оваа година имаа големи проблеми со повредите, па во последно време играа без најдобрите, Хари Кејн и Деле Али.

Иако се предвидуваше дека Кејн нема да биде достапен барем до почетокот на март, се чини сепак дека тој на терен ќе излезе нешто порано. ЕСПН пренесува дека Кејн вчера по првпат по повредата на зглобот нормално тренираше со остатокот на тимот и дека за викендот би можел да настапи.

Тотенхем во сабота гостува кај Барнли во рамки на Премиер лигата, а англиските медиуми предвидуваат дека Кејн веројатно нема да биде во првиот состав туку средбата ќе ја почне од клупата.

Од првата минута би требало да тргне Сон кој е во фантастична форма, но и самиот факт дека Кејн ќе биде на клупата е позитивна вест за навивачите на Тотенхем.

Инаку, „Петлите“ се уште се во трка по титулата бидејќи моментално се наоѓаат на третата позиција со 60 освоени бодови, односно пет помалку од Манчестер Сити и Ливерпул.