Згодната Линдзи Вон ги воодушеви сите на доделувањето на наградите „Лауреус“ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската скијачка Линдзи Вон на доделувањето на наградите на Академијата „Лауреус“ во Монте Карло се појави во преубав бел фустан и ги остави присутните без зборови.

Преубавата Американка беше фотографирана од фотографите, а нејзините слики беа објавени на социјалните мрежи и предизвикаа воодушевување и кај нејзините фанови.

Најуспешната скијачка во историјата ја освои наградата „Спортски дух на годината“, признание за сите успеси во текот на нејзината кариера.

Вон неодамна на Светското првенство во Оре, Шведска освои бронзен медал во спуст, па така стана единствената скијачка со медали на сите шест светски првенства.

„Знаев дека можам да ја победам болката уште овој пат. Телото не ми дозволува да скијам како што сакам. Не можам да победувам повеќе“, кажа Вон.

Вон во својата богата кариера освои три олимписки медали, четири големи Кристални глобуси и 16 мали Кристални глобуси.