Челси и повеќе од очаен: Некогашниот дефанзивец распали по Сари и играчите…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси вчера беше поприлично слаб против Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед вчера славеше против Челси со 2:0, а некогашниот дњефанзивец на Арсенал, Ли Диксон распали по Челси.

Интересно е што Челси имаше повеќе посед на топката, дури 60%, но само двапати шутнаа во голот.

„Навивачите јасно им ставија до знаење и на играчите и на тренерот што мислат. Тактика, видовме што се случуваше од првата до последната минута. Понекогаш тоа делува, но кога не делува, изгледа очајно“, истакна Диксон.

„Средината на теренот изгледаше очајно. Дефанзивата исто така. Не постигнуваат погодоци од средината на теренот. Кога не постигнувате погодоци вашата самодоверба е на ниско ниво“, дополни Диксон.

„Нивната средина на теренот е повеќе индустриска и немаше позитивни работи вечерва. Мислам дека Сари има доста за размислување“, заклучи Ли Диксон.