Погба се отвори за својата професија, како и за победата на Челси…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба истакна дека екипата оваа година сака да освои трофеј.

„Сите натпреварувања се важни. Сакаме да освоиме нешто. Изминатата година не освоивме ниту еден трофеј и тоа го паметам. Оваа година сакаме да освоиме нешто“, пренесуваат британските медиуми.

Јунајтед синоќа се пласираше во четвртфиналето од ФА Купот бидејќи на „Стемфорд Бриџ“ славеше против Челси со 2:0. Погодоците ги постигнаа Андер Ерера, на асистенција на Погба, кој потоа беше стрелец по додавањето на Маркус Рашфорд.

„Знаевме како да ги загрозиме, трчајќи по нивните играчи за врска“, истакна Погба.

Тој постигна 14 погодоци оваа сезона.

„Мојата работа како играч на средината на теренот не е да постигнувам погодоци, туку да асистирам, но кога ќе дојдам до шанса да постигнам гол се чувствувам одлично“, додаде францускиот фудбалер.

Откако екипата ја презема Оле Гунар Солскјер, Јунајтед игра подобро и победува. Низата од 11 натпревар без пораз е прекината изминатата недела, кога ПСЖ славеше со 2:0, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Погба ќе го пропушти реваншот во Париз бидејќи е исклучен во првиот меч.