Фетел ќе има конкуренција: Леклер најбрз во вториот ден од претсезонските тестови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот ден од претсезонските тестирања на патеката во Барселона помина во знак на возачите на Ферари. Овој пат не беше прв Себастијан Фетел, туку неговиот нов тимски колега Чарлс Леклер.

Леклер постигна најбрзо време од 1:18.247, што е побавно од 1:18.161 на Фетел. Меѓутоа, резултатот покажува дека младиот возач ќе има висок дострел сезонава, иако тестирањата не мора ништо да значат.

Пријатно изненадување беше Лендо Норис од Мекларен, кој беше втор со време 1:18.553. тие двајца беа единствени под 1:19.00, а следуваа Магнусен од Хас, Ботас од Мерцедес, Гасли од Ред Бул…