Мората ги разочара фановите на Јувентус: Ако постигнам погодок…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Алваро Мората имаше интервју за „ТВЕ“ пред утрешниот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Јувентус.

Мората своите најдобри денови во кариерата ги помина како фудбалер токму на Јувентус, па затоа неговата изјава во ова интервју ги разочара фановите на „Старата Дама“.

Напаѓачот истакна дека ќе прослави доколку му даде гол на својот поранешен клуб.

„Ќе прославам. За сите луѓе во Атлетимо Мадрид. Тоа се истите луѓе кои беа тука денот кога заминав. Сега јас сум тука повторно и ќе играм и за нив“ –коментираше Мората.