Челси ја пронајде замената за Еден Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се повеќе се шпекулира дека Еден Азар ќе си замине од редовите на Челси по крајот на оваа сезона.

Доколку тимот продолжи со ваквите игри, белгискиот интернационалец со сигурност ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ во потрага по поквалитетен фудбал и борба за трофеи.

Турските медиуми пренесуваат дека од Челси ја разгледуваат опцијата во своите редови да го донесат фудбалерот на Рома, Ченгиз Ундер.

Ундер оваа година игра одлично во дресот на „Волчицата“ каде на 25 натпревари постигна шест погодоци и девет асистенции.