Шок во Јувентус: Кедира има проблеми со срцето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира не отпатува со тимот во Мадрид за средбата со Атлетико поради проблеми со срцето.

Масимилијано Алегри на прес конференцијата во пресрет на натпреварот истакна дека Кедира нема да патува со тимот затоа што има проблем, но не откри каков проблем има.

Кратко по прес конференцијата на официјалните страни на Јувентус на англиски и италијански јазик беше објавено дека на Германецот му е дијагностицирана атријална аритмија и останал во Торино на дополнителни испитувања.