Ковач ја објасни „ситуацијата“ на Енфилд: Кај нас е друг обичај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крајот на натпреварот во 1/8 финалето во ЛШ помеѓу Ливерпул и Баерн го обележа расправијата помеѓу Клоп и Ковач.

После секој натпревар вообичаено е поздравување помеѓу тренерите на двата тима, меѓутоа средбата помеѓу Клоп и Ковач не беше баш срдечна, па после дуелот на Енфил се покренаа многу шпекулации околу тоа што си рекоа еден на друг двајцата тренери.

Изгледаше дека Клоп луто му приговараше на Ковач, кој потоа го фати за рамо со цел да се оправда, но се на крајот било – недоразбирање.

„Во Германија првин им се честита на играчите, но во Англија обичајот е друг, прво се ракуваат тренерите. Тој знае дека кај нас е различно и тука немаше лоши намери. Му се извинив и му реков дека на мечот во Минхен ќе го направиме тоа како што се прави во Германија“, рече тој после натпреварот.

Средбата помеѓу Ливерпул и Баерн заврши со резултат од 0-0, а реваншот е на 13. март во Минхен.