Таеквондистите од „Хва Ранг ИТФ“ од Охрид на силно натпреварување во Суботица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов ќе настапи на турнир од А класа кој ќе се одржи во Суботица.

На турнирот кој ќе биде генералка пред Европското првенство кое ќе се одржи во Италија од клубот ќе настапат со нешто поразличен состав од претходните години.

„На турнирот ќе настапиме со малку поразличен состав од стандардниот. Одлучивме да одиме со јуниорите кои имаат шанси за пласман, а половина од екипата се дебитанти кои за прв пат ќе настапат на вака големо натпреварување. Во моментов имаме проблем и со повредени таеквондисти, а дел од нив имаат и обврски кон училиштето па затоа не патуваат со нас- коментираше тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан.

Во Суботица учество ќе земат тимови од Украина, Бугарија, Чешка, Словенија и Италија.