Солари доби непријатни вести – не му помага ниту трофеј во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сантијаго Солари на крајот на сезоната најверојатно ќе си замине од тренерската позиција во Реал Мадрид, барем така тврдат шпанските медиуми.

Шпанците пишуват дека Солари имал вечера со претседателот Флорентино Перез, па му биле соопштение деталите дека не се задоволни од него.

Аргентинецот е обвинет дека нема авторитет, а поради тоа се жалат и голем дел од фудбалерите, зашто немал ист однос кон секој од нив.

Неколку фудбалери му се налутиле на Солари и кренале бунт во Мадрид, па поради тоа Перез ќе мора да се ослободи од сегашниот тренер и да ангажира нов стратег.

Во медиумите се појавија неколку тренерски имиња, кои би можеле да го заменат Солари, а најголеми шанси им се даваат на Масимилијано Алегри и Маурицио Покетино.