Дејвид Симан со интересен коментар: Арсен Венгер би бил одличен за Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешната единица на Арсенал, Дејвид Симан истакна дека Арсен Венгер би бил одлична замена за Маурисио Сари доколку италијанскиот стратег добие отказ од клупата на Челси.

Неколку медиуми во Англија пренесоа дека од Челси се загрижени за последните резултати во клубот и дека Сари добил ултиматум, во спротивно ќе си замине од кормилото на клубот.

„Да. Тој би бил идеално решение за Челси затоа што е  фантастичен менаџер. Се чини дека наскоро ќе има можност за работа во Челси“ –коментираше Симан.