Леброн наскоро ќе го премине Џордан: Гледав во него како во Бог


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Леброн Џејмс наскро ќе го престигне веројатни и најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан по бројот на поени во НБА кариерата.

Во досегашната НБА карира (од 2003.), Леброн стигна до цифра од 32.082 поени. Џордан е пред него со 32.292 поени, па наскоро Леброн ќе го престигне најдобриот кошаркар на сите времиња.

Сепак, треба да се знае дека Џордан во најдобрите денови одлучи да се раздели од кошарката. После смртта на неговиот татко во 1993. година Мајкл се повлече и се врати две години подоцна.

Меѓутоа, тоа не го намалува учинокот на Џејмс. Тој без дилеми е еден од најдобрите некогаш, а наскоро ќе биде и четврт стрелец во НБА лигата на сите времиња.

Џејмс просечно уфрлува нешто повеќе од 27 поени во 1182 одиграни натпревари. Тоа значи дека Џордан може да го премине во наредните осум натпревари.

Пред него ќе останат Kobe Bryant (33.643), Karl Malone 36.928) i Kareem Abdul-Jabbar (38.387).

Џејмс првпат го запознал својот идол кога имал 16 години и во разговор за ЕСПН опишал како изгледало сето тоа.

„Беше неверојатно. Се чуствував како да стојам пред Господ. Така се чуствував тогаш кога го запознав Мајкл“, рече Леброн и додаде:

„Ако имате шанса да зборувате со него, тогаш слушате што тој има да ви каже. Повеќе луѓе го слушаат него, отколку она што го зборува еден претседател“, истакна Џејмс.