Нурмагомедов најави боксерски спектакл пред 80.000 луѓе во Москва (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


УФЦ-шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов нема намера да се бори во таа организација речиси крајот на годината.

Нурмагомедов беше суспендиран на девет месеци од Атлетската комисија на Невада, откако направи хаос по мечот против Конор Мекгрегор, а според неговите најави, нема намера да се бори до ноември 2019 година.

Хабиб во моментов работи на органзација на спектакл пред 80.000 луѓе во Москва, кога треба да настапи во септември во боксерски меч.

Очигледно Дагестанецот сака да се бори и во бокс. Тој жестоко работи на подобрување на тој дел од борбата, а многумина велат дека ќе се бори против Флојд Мејведер.

Таа борба сигурно би им донела голема соработка на двајцата. Мејведер се согласува на вакви дуели, штом добие понуда од 100 милиони долари, а само на мечот против Конор Мекгрегор заработил околу 300 милиони.

Веќе неколку месеци Хабиб го вика Мејведер на меч, но засега не беше договорена вистинска сума, која би го привлекла боксерот.

Стадионот „Лужњики“ во Москва собира околу 80.000 луѓе. Само од влезници би се собрале многу пари, а сигурно цел свет ќе сака да ја види борбата меѓу непоразените.

 

View this post on Instagram

 

Спасибо Али за тренировку. #boxing

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on