Кубица е роден за проблеми: Полјакот едвај спаси глава, Хамилтон силно ќе го треснеше (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот возач Роберт Кубица за малку ќе доживееше уште една тешка несреќа во болид на Формула 1. Во кариерата имаше една тешка несреќа, која едвај ја преживеа.

Сепка, тоа е зад него и по осум години се врати во Формула 1 и деновиве има тестови во болидот на Вилијамс.

Во текот на еден од првите тестови за малку ќе направеше инцидент со возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Сепак, британскиот возач во последен момент успеа да го избегне Кубица и за среќа немаше посериозен инцидент.

Хамилтон возеше со навистина голема брзина и доколку не успееше да го избегне, тогаш дефинитивно ќе се случеше голем инцидент.