Мени на непобедливиот Усеин Болт: Откриено е како всушност се храни најбрзиот човек во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Усеин Болт уште еднаш докажа дека е најбрз човек кој некогаш одеше на оваа планета. Одличниот спринтер во Рио ја потврди доминацијата и потврди дека е далеку пред Џастин Гетлин.

Стигна до деветтиот златен медал на олимписките игри и така се израмни со легендарниот Карл Луис, а една од тајните на неговиот успех е всушност начинот на исхрана.

„ Men’s Health” потсети дека Болт откри дека неговите тренинзи обично се многу долги и се одвиваат по врелите денови, што е според неговиот план на исхрана.

„Се трудам да не јадам премногу пред тренизните, но останувам хидриран“, порача феноменалниот атлетичар.

Споменатиот портал пишува и дека Јамајкчанецот всушност има личен кувар, и дека денот го почнува уживајќи во едноставен сендвич со јајца, потоа поминува 20 минути во теретана, па следи ручек, односно лесни тестенини со говедско месо или риба.

Дури после тоа сериозен пристап на тренинзите.

„Во текот на денот јадам само толку за да имам енергија за тренинг и така со цел храната што побрзо да ја сварам. Меѓутоа, во ноќта, пред да одам да одам на спијање јадам доста храна. Мојот тренер сака да јадам повеќе зеленчук, па така тоа го правам повеќе од било што друго Јадам и брокула иако не ја сакам“, со насмевка откри Болт.

Еве и како изгледа менито на бестрашниот шампион:

Појадик

Сендвич со јајца

Ручек

Тестенини со солено говедско месо

Во текот на целиот ден

Манго, ананас, јаболка

Вечерва

Јамајкански кнедли