Клоп со пофалби за Солскјер: Тој заслужува…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот противник од Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер докажал дека заслужува да биде менаџер на топ клуб.

Солскјер во моментов е привремен тренер на Манчестер Јунајтед, но по неверојатните натпревари постои веројатност да остане и како перманентен тренер на клубот.

Пред меѓусебната средба помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул свој коментар за противникот имаше токму и германскиот стратег на Црвените од Мерсисајд.

„Јас сум менаџер и знам дека ние не сме магионичари. Не можеме да дојдеме и да му кажеме на фудбалер ти не си добар, но јас можам да направам да си. Но, ние сме благословени затоа што имаме многу добри фудбалери околу нас, а Оле Гунар Солскјер брилијантно ја врши неговата работа.

Се работи за вадење на целиот потенцијал на тимот, да се подобри квалитетот, а тоа очигледно Оле го прави многу добро што покажува дека може да биде менаџер на топ клуб“ –заклучи Јирген Клоп.