Елмас и Ристовски елиминирани, Адеми со Динамо ја „столчи“ Стеауа (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доста интересни натпревари видовме на реванш средбите од 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Македонските интернационалци Елиф Елмас и Стефан Ристовски беа елиминирани со своите тимови Фенербахче, односно Спортинг Лисабон.

Турскиот клуб со предност од 1:0 отпатува на гостувањето во Санкт Петерзбург, но Зенит со 3:1 победи на домашен терен и со тоа се пласираше меѓу 16те најдобри во второто по ранг натпреварување во Европа. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар.

Стефан Ристовски со својот Спортигн Лисабон не успеа да направи изненадување и одигра недоволно реми (1:1) на „Ел Мадригал“. Ристовски играше на за него невообичаена позиција, на левата бековска страна. Одигра 83 минути кога беше заменет од играчот од нападот, Фелипе.

Динамо Загреб на „Максимир“ неочекувано лесно ја победи Викторија Плзен со високи 3:0. Орсиќ, Дилавер и Петровиќ беа креатори на победата на „Модрите“ од Загреб.

Арсенал очекувано со 3:0 славеше против Бате Борисов, додека Валенсија со минимални 1:0 славеше против Селтик.

Резултати:

Арсенал– Бате Борисов 3:0

Динамо Загреб– Плзен 3:0

А. Франкфурт– Шахтјор 4:1

Наполи– Цирих 2:0

Салцбург– Клуб Бриж 4:0

Валенсија– Селтик  1:0

Вилјареал– Спортинг Лисабон 1:1

Зенит– Фенербахче 3:1