Челси и Интер убедливи, драма во Леверкузен со среќен крај за Красондар (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 21:00 часот беа одиграни уште седум натпревари од 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Неколку интересни резултати видовме во последните вечерашни натпревари,  а најмногу внимание привлече средбата во Леверкузен каде Красондар во финишот беше поуспешен од домашниот тим и со тоа се пласираше во следната фаза.

Челси со лесни 3:0 славеше против тимот на Малме, а со оваа победа Маурисио Сари си „купи“ уште малку мир на клупата на тимот од Лондон. Жиру, Баркли и Худсон-Одои беа творци на победата на тимот на Челси.

Интер со убедливи 4:0 го совлада тимот на Рапид Виена и без никакви проблеми се пласираше во следната фаза во Лига Европа.

Изненадувачка беше и победата на Рен од 3:1 на гостувањето кај Реал Бетис. Првиот натпревар меѓу овие два тима заврши без победник, 3:3.

Резултати:

Баер Леверкузен– Красондар 1:1

Бенфика– Галатасарај 0:0

Бетис- Рен 1:3

Челси– Малме 3:0

Динамо Киев– Олимпијакос 1:0

Генк- Славја Прага 1:4

Интер– Рпади Виена 4:0