Далот ги освои симпатиите: Погледнете што направил со првата плата како играч на Манчестер Јунајтед (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Диого Далот ги освои симпатиите откако се решил со својата прва плата да му помогне на неговиот прв клуб во кој играл.

Младиот португалски дефанзивец со првата плата од Манчестер Јунајтед купил комбе за потребите на Финтас Фудбал Скул, школа за фудбал од Брага.

Токму во оваа школа Далот ги имал првите фудбалски чекори пред да се пресели во редовите на португалскиот гигант Порто.

„Добивме покана да вечераме во домот на неговите родители. Мислевме дека само ќе добиеме потпишан дрес од Манчестер Јунајтед, и навистина, дресот не чекаше на масата. Но имаше и друг подарок…

Разговаравме со Диого преку Скајп. Беше во автобус и одеше на натпревар. Ни кажа да излеземе надвор.. Имаше комбе за клубот пред вратата. Бевме шокирани. Не го очекувавме тоа. Тој се подготвил во тајност, одвоил пари од неговата прва плата од Англија за тоа изненадување.  Беше многу убаво и емотивно“- истакна Луис Травасос, првиот тренер на Диого Далот кој се уште работи во фудбалското школо.