Детали од инцидентот во Белград: Откриено зошто бил ликвидиран претседателот на РК Црвена Звезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секретарот на автомото сојузот на Србија, Предраг Ѓурѓев, денеска го ликвидираше претседателот на РК Црвена Звезда во канцелариите на АМСС, откако со пиштол пукал неколку пати кон него.

Ѓурѓев се карал со еден од вработените, а Бутулија сакал да ги смири, но потоа секретарот извадил пиштол и почнал да пука кон него, а потоа решил да си испука куршум во глава.

Секретарот испукал повеќе куршуми во градите и главата на Бутулија, а потоа пукал во себеси, а на целиот инцидент сведок била секретарката на претседателот на ракометниот клуб.

Таа слушнала пукотници и тргнала кон канцеларијата на својот шеф, меѓутоа кога го видела вооружен колегата во паника скокнала низ прозорецот на канцеларијата, која се наоѓа на првиот спрат на зградата.

Секретарката скокнала од висина од околу два метри, а притоа заработила лесни повреди. Инаку, Ѓурѓев починал на лице место, а Бутулија им подлегнал на повредите.

Инцидентот се случил денеска околу 14 часот во просториите на АМСС.