Зинедин Зидан има три понуди на маса


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има три понуди за да ја продолжи својата тренерска кариера.

„Дон Балон“ пренесува дека Французинот добил понуди за разговори од Манчестер Јунајтед, Јувентус и Челси.

Зидан веројатно ќе се врати во менаџерските води следната сезона, една година по неговото заминување од Реал Мадрид каде нанижа голем број успеси.

Понудите не се конкретни, туку се во вид на покани за разговор, па така Зидан се уште не знае каде ќе продолжи точно. Едно е сигурно, ако Солскјер продолжи со ова темпо во Манчестер Јунајтед, тоа нема да биде тој клуб.