Њукасл го испраќа Хадерсфилд кон Чемпионшип лигата (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Хадерсфилд се чини ќе биде првиот патник од Премиер лигата кој следната година ќе настапува во второто по ранг натпреварување во Англија, Чемпионшип.

Клубот предводен од Јан Сјуерт претрпе нов пораз, овој пат од Њукасл Јунајтед со 2:0 и со тоа значително си ги отежна шансите за опстанок во Премиер лигата.

Саломон Рондон и Ајозе Перез беа творци на победата на Њукасл кој се одлепи од дното и сега е на 14. позиција на табелата.

За разлика од нив, Хадерсфилд потона уште подлабоко во калта и сега на 11 кола до крајот се наоѓа на огромни 14 поени од сигурната зона.

Во вториот натпревар од 16:00 часот тимовите на Борнмут и Вулверхемптон ги поделија бодовите играјќи без победник, 1:1.