Последните секунди пред ликвидацијата на претседателот на Ц. Звезда: Немој Пеџа, што правиш…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во седиштето на Автомото сојузот на Србија (АМСС) во Белград беше ликвидиран претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда, Мирко Бутулија, откако генералниот секретар Предраг Ѓурѓев испалил осум куршуми кон него, а потоа решил да се застрела себеси.

По вчерашниот ужас беа открини детали кои досега не беа познати на спортската јавност во Србија и регионот, а се случиле во несреќата во Белград.

„Немој Пеџа… Што правиш, Пеџа… Полека“, велат сведоците, кои потоа слушнале пукање во канцеларијата на претседателот Бутулија, воедно и татко на четири малолетни деца.

Секретарот имал караница со еден од директорите, па по вербалниот конфликт, Предраг решил да го извади пиштолот и да пука, иако Бутулија сакал само да ги смири страстите.

Сведоците велат дека разговорот зад затворени врати траел четири-пет минути, а луѓето кои работат во АМСС веднаш притрчале во помош и се обиделе да му помогнат на Бутулија, кој во тие моменти давал знаци на живот.

Трагедијата можела да биде уште поголема бидејќи секретарката на Бутулија кога ги слушнала истрелите решила да скокне од тераса од височина од два метри и притоа заработила лесни повреди.