Криштопанс најдобар десен бек во 13. коло од ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар успеа да слави во 13. коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) против Кристијанштад, а најдобар во редовите на „црвено-црните“ беше Даинис Криштопанс, кој доби награда од ЕХФ.

Криштопанс беше избран за најдобар десен бек од страна на ЕХФ, откако постигна дури осум голови во триумфот против Кристијанштад.

Исто така, во тимот на колот во ЛШ се наоѓаат уште неколку ракометари, меѓу кои е Себастијан Скубе од Силкеборг, односно братот на Сташ Скубе.

Во тимот на колото се наоѓаат:

Голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)
Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
Десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
Среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)
Лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запорожје)
Лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг)