Што правеше Мбапе додека соиграчите го разбиваа Дижон?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ синоќа лесно го совлада Дижон со 3-0 и се пласираше во полуфиналето на Купот на Франција.

Тренерот на Парижаните Томас Тухел одлучи во овој дуел да го одмара Мбапе, а Французинот и тоа како добро се забавуваше на клупата.

Во текот на натпреварот тој и запеа, а камерата го фати тој момент.

“La La Lalalalala Choupo Moting”, пееше Мбапе низ смеа на клупата.

Синоќа на неговиот ПСЖ не му беше потребна негова помош, а веќе во овој викенд им претстои нов натпревар против Каен.

Мбапе оваа сезона игра фантастично. Има одиграно 31 натпревар и има учинок од 27 голови и 14 асистенции.