Вардар со триумф против Монпелје ја заврши групната фаза во ЛШ


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар одигра одличен меч против Монпелје во 14. коло од групната фаза во Лигата на шампиони и на крајот славеше со 33-27.

„Црвено-црните“ одлично го отворија мечот, па имаа серија од 5-0, а до средината на првото полувреме успеаа да стигнат и до седум гола предност (12-5). Сепак, во продолжение гостинската екипа заигра подобро и успеа да намали на два гола негатива (11-13). Вардар не дозволи пресврт, па на полувреме замина со водство од 16-13.

Монпелје тргна многу подобро во второто полувреме, па стигна и до еден гол негатива (16-17), но „црвено-црните“ се освестија и како минуваше времето тие постојано ја зголемуваа предноста, која на крајот изнесуваше 33-27.

Најдобар стрелец на мечот беше ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс со седум постигнати гола.