Хаос во Париз: Навивач на Манчестер Јунајтед се бори за живот откако бил избоден од таксист


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивач на Манчестер Јунајтед се бори за живот откако доцна синоќа бил избоден од француски таксист во центарот на Париз.

„Скај“ пренесува дека врз навивачот веднаш е направена операција во главниот град на Франција, но тој и понатаму е во критична состојба и се бори за  својот живот.

Француски таксист го избодел во градите по синоќешниот натпревар меѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Наводно навивачот заедно со уште тројца други лица пееле навивачки песни во неговото такси по што дошло до немилиот инцидент.

Француската полиција веднаш го уапсила сторителот на ова дело.