Мбапе проговори за својата иднина во ПСЖ по елиминацијата од Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француската супер ѕвезда, Килијан Мбапе даде одговор на прашањето што ќе се случи со неговата иднина откако уште еднаш не успеа да му помогне на тимот да напредува во Лигата на шампионите.

Младиот французин истакна дека не планира да си замине од клубот следното лето и покрај шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид.

„Ќе бидам тука со сигурност, тоа е веќе договорено. Не помага никому да се грижите за мојата лична ситуација, па тоа е тоа. Јасно и прецизно, останувам во ПСЖ“- коментираше Мбапе за „Телефут“.