Тепачка во НБА: Летаа боксови на сите страни меѓу Ибака и Крис (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дуелот меѓу Кливленд кавалирс и Торонто репторс ја одбележа жестока тепачка на паркетот меѓу крилниот центар Серж Ибака и Маркез Крис.

Тие се степаа во текот на третата четвртина, па двајцата заработија исклучувања. Инцидентот почна откако Крис одигра посилна одбрана врз Ибака, а овој не можеше тоа да го трпи и тргна кон противникот.

Прво шпанскиот кошаркар го фати Крис за врат, а потоа почна жестоката пресметка. Летаа боксови на сите страни. Тоа траеше неколку секунди, по што останатите кошаркари и обезбедувањето ги раздели кошаркарите.

Дилеми за судијата немаше, па Ибака и Крис беа исклучени и сигурно им следува голема казна од раководството на НБА-лигата, но и од страна на клубовите.