„Ако ова е мечот на сезоната, тогаш имаме голем проблем!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не сакаше да зборува за својата позиција во тимот од Торино пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид.

Атлетико на домашен терен во првиот меч славеше со 2-0, па сега „Старата дама“ е пред огромен предизвик.

„Мора да играме добро, да ја разбереме ситуацијата во која сме. Даглас Коста учествуваше на само еден тренинг, а чувствуваше болка. Ќе видиме, не можам ништо да кажам. Роналдо е наша најголема предност, но сите мора да бидат на висина на задачата“, кажа Алегри.

Поради тоа што Зинедин Зидан го презема Реал Мадрид, новинарите ги интересираше каква е судбината на Алегри.

„Нема да зборувам за својата иднина. Ова не е вистинско време. Но, морам да кажам дека доколку мечот против Атлетико е дуел на сезоната, тогаш имаме проблем“, објаснува Алегри.

Мечот во Торино се игра со почеток од 21 часот.